дома Балкан Амбасадорот Бејли се заблагодари, доаѓа Бирнс

Амбасадорот Бејли се заблагодари, доаѓа Бирнс

90
0
АКЦИЈА

Амбасадорот Бејли се заблагодари, доаѓа Бирнс

Американскиот амбасадор Џес Бејли на заминување од функцијата преку Твитер се заблагодари за гостопримството.
„Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“, напиша Бејли на Твитер.
Тој беше амбасадор во земјата од 2014. По заминувањето од Скопје, Бејли објави дека ќе се пензионира од работата во Стејт департментот по 34 години работен стаж.
На местото на Бејли американскиотпретседател Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс. Таа во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here