Шефот на унгарската националистичка партија Јобик Тамаш Шнајдер изјави дека казните од околу скоро милијарда форинти (3,6 милиони долари) кои им ги изрекла државната ревизорска институција заради наводни финансиски неправилностиво изборната кампања можат да ја примораат партијата да се затвори.
Шнајдер рече дека Јобик ќе одржи вонреден конгрес на партијата во наредните неколку дена како би излегле на крај со моменталната ситуација, пренесува АП.