Црквата и верниците денеска го слават Богојавление – 19 јануари или Водици и овој празник означува крај на некршениете денови кога во црквите не се вршат обреди за крштевање.
Овој верски празник е исклучително важен бидејќи се слави во чест на потсетување дека мисијата на Исус Христос не е започната со раѓањето, туку со неговото крштевање, кога заедно со појавиле Таткото, Синот и Светиот дуг по прв пат (оттука и името Богојавление).
Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година и сл.
Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.
Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.
Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.
Овој ритуал го симболизира влегуањето на Христос во реката Јордан.