дома Балкан Ѓоковиќ: Македонците ги сметам за браќа, исто како и Босанците и Хрватите!

Ѓоковиќ: Македонците ги сметам за браќа, исто како и Босанците и Хрватите!

456
0
АКЦИЈА

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ има огромна навивачка база на Балканот, за него навиваат жители од цела поранешна Југославија, а тој во интервју за весникот „Блиц“ меѓу редови порача дека е југословен во душа, зашто на сите бивши „братски народи“ гледа како свои.

Иако поранешната држава крваво се распадна, протерани беа стотици илјадни луѓе, имаше десетици илјади жртви, разурнати беа големи подрачја, Ѓоковиќ сепак не дозволува „раните од војната“ да го надвладеат и да му предизвикаат омраза. Србинот дури и во својата држава наиде на навреди од националистите, кога им честиташе на секогаш омразените Хрвати за светското сребро на СП во фудбал или на наградите на Лука Модриќ за најдобар на светот.

„Јас знам каква е политичката ситуација и знам дека раните се свежи за многу луѓе, ама цврсто верувам дека спортот треба секогаш да се држи настрана од политиката. Кои се нашите комшии? Хрвати, Македонци, Босанци… Па, сите нив ги сметам за свои. На нив така гледам. Никогаш не сум имал поинакво мислење и секогаш ќе се држам до тоа. Никогаш поинако нема да ги сметам“, рекол Ѓоковиќ за „Блиц“.

Српската тениска ѕвезда има 14 гренслем-титули, моментно е прв на АТП-листата по ланскиот неверојатен кам-бек во кој Србинот пишуваше историја, па стана првиот тенисер кој успеал да стигне и до сите Мастерс-титули од серијата 1000 по триумфот во Синсинати. Многумина во Ѓоковиќ гледаат потенцијал дека може да го надмине Роже Федерер, моментно најдобриот тенисер на сите времиња со рекордни 20 гренслем-трофеи. Популарниот Ноле има 31 година и голема мотивација да стигне до тој рекорд на швајцарската легенда.

Превземено одSport1.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here