дома Балкан Новата законска регулатива забранува продавање непрехранбени производи на зелените пазари

Новата законска регулатива забранува продавање непрехранбени производи на зелените пазари

182
0
АКЦИЈА

Со почетокот на новата 2019-та година, почнува да се применува новата законска регулатива за зелените пазари, според која, не смее да се продава ништо што нема прехранбена намена. Односно, не смее да се продава: текстил, обувки, облека и останати непрехранбени производи.

Со новата законска регулатива се предвидува и задолжително поседување лиценца за продавање на тезга, која пак, не смеат да ја добијат вработени и пензионери.

Регулативата беше донесена пред шест месеци, но стапи на сила на почетокот од оваа година, но, колку таа ќе се применува, ќе покажат резултатите од инспекциите, каде пазарните инспектори ќе бараат лиценци за работа.

Казните за продавање на пазар без лиценца и немање документи за потеклото на производот, се во висина од 150 до 2.000 евра.

Превземено од 24 Дојран

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here