дома Балкан Матис дефинитивно ја одби продажбата на F16 на Хрватска

Матис дефинитивно ја одби продажбата на F16 на Хрватска

493
0
АКЦИЈА

ЗАГРЕБ – Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, дефинитивно одби да се согласи со договорот на Израел за продажба на авионот Ф-16 Барак во Хрватска пишувс порталот Аксиос, објави дневниот весник “Нови лист” и ја пренесе реакцијата на опозицијата дека, ако тска излезе, министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ треба да поднесе оставка.

Иако некои хрватски медиуми минатата ноќ објавија дека Конгресот на САД даде согласност на Израел за продажба на борбени авиони во Хрватска, но дека наводно се уште не е завршена работата и дека некои одлуки ќе бидат донесени само во директни контакти меѓу САД и Израел, американскиот новинар Барак Равид на порталот Аксиос напиша дека Матис дефинитивно одбил да даде согласност за Израел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here