дома Балкан Македонските туристи во Нови Сад по хрватите и словенците, трети по туристички...

Македонските туристи во Нови Сад по хрватите и словенците, трети по туристички посети на тој град

263
0
АКЦИЈА

НОВИ САД: Според податоците на Републичкиот завод за статистика само во ноември оваа година во Нови Сад беа реализирани 43,308 ноќевања на домашни и странски туристи, во споредба со истиот месец во 2017 година, што е повеќе за околу 43,3 проценти.

За 11 месеци (од 1 јануари до крајот на ноември 2018 година) градот беше посетен од 422.899 домашни и странски туристи, што ги надмина резултатите од минатата година на 23,4 проценти.

Туризмот е економска гранка која носи огромен економски потенцијал и е важна за севкупниот развој на заедницата. Наградата Туристички цвет повеќе од заслужено отиде во рацете на Туристичката организација на Нови Сад, и сите во Нови Сад ги радува препораката на познатиот, светскиот, туристички магазин, кој Нови Сад го вброи во првите три дестинации кои трба да се посетат во 2019 година. Убеден сум дека ќе постигнеме уште подобри резултати и дека нашиот град, особено како Младинска престолнина на Европа и Европска престолнина на културата , ќе биде признаен во целиот свет и дека бројни туристи секогаш ќе ни доаѓаат повторно, изјави градоначалникот на Нови Сад Милош Вучичевиќ.

Според податоците со кои располага ТОНС најголем број на странски туристи во Нови Сад доаѓа од Хрватска, Словенија,Македонија, Велика Британија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Романија, Унгарија, Германија, но и од Кина, САД и Австралија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here