дома Балкан Драгиша Милетиќ се обрати до “аналитичарите” со краток текст.

Драгиша Милетиќ се обрати до “аналитичарите” со краток текст.

528
0
АКЦИЈА

Веќе подолго време следам некои политички аналитичари кои се „грижат“ за Србите во Србија. Досега молчев мислејќи дека ќе им помине хистеријата, но очигледно е дека тие сè почесто добиваат епилептични напади.
Првата група епилептични аналитичари тврдат дека на следниот попис во
Р. Македонија ќе има 12.000 Срби, а тврдењето на втората група е дека Србија мора да го признае Косово и Метохија како држава.
Господа аналитичари, или се овие тврдења одраз на Вашата србофобична желба, или пуштате пробен балон според нечија директива. Доколку Вие од првата група имате доволно храброст, скратете онаму каде што е реалноста таква, а вам од втората група ви порачувам дека одлуката за Косово и Метохија ќе ја донесат граѓаните на Р. Србија и никој друг. И покрај Вашата исклучителна желба, верувајте дека тоа нема да се случи.
Дали е ова општ заговор? Лично не верувам и не сакам да верувам, но сигурен сум дека станува збор за политички архитекти кои работат на невозможна мисија.
И на двете групи им препорачувам повеќе да се фокусираат кон нашиот двор и да не чепкаат мечка онаму каде што не треба. Вашиот обид не е коректен ниту политички, ниту здравствено, ниту пак е хигиенски.
Евидентна е Вашата желба да прикажете пред меѓународната заедница дека србите не се никаков фактор во Р. Македонија. Ако некој молчи и е лојален кон оваа држава, не значи дека е глув и слеп. Напротив, гледам во темнина подалеку, отколку вие под рефлектори.
Затоа, Ве молам да се обидете да градите соживот и да не се обраќате во името на граѓаните од соседните држави. Го следам обидот и намерата да се стават Србите под своја контрола и тоа преку Срби кои патем не се членови ниту на една српска асоцијација, партија или вон партиска група, туку се членови на некои други партии, не штедејќи притоа и финансиски средства.
Господа партиски сезнајковци, иако живеете во иста држава со Србите, сè уште не сте сфатиле дека станува збор за горд и цврст народ, кој не може да се скрши како гранка.
Пред крај, да Ви се заблагодарам за Вашите изјави и потези кои само ги обединуваат Србите и Српските политички фактори во нашата Р. Македонија.
И верувајте дека кога-тогаш ќе станеме пријатели, бидејќи на тоа ќе ве приморам со мојата човечка ширина, вистина и братска љубов.

Драгиша Милетиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here