дома Вести Родителите во паника: Повторно се појави шуга во основно училиште Владо Тасевски...

Родителите во паника: Повторно се појави шуга во основно училиште Владо Тасевски во Општина Карпош. Под раковотство на Елка Даскалова генерален секретар на општинската организација карпош предводена од партијата ГРОМ.

497
0
АКЦИЈА

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга.
Родителите вознемирени откако втор пат годинава, поради негрижа на училиштето, се јавува опасност од оваа зараза, ја контактираа редакцијата на КУРИР.

-Утрово на децата им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома. Причината која им била наведена е дека во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, туку си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нви стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Шуга, два пати во 2018-та година. Поради неразјаснети причини, класните раководители од неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и нив ги испратиле дома, дознава КУРИР.

Неофицијално, шуга е откриена и потврдена кај едно дете од второ одделение, а постои сомневање дека се заразени и други деца.

Во март годинава, две деца од истото основно училиште имаа шуга. Дури откако се направи медиумска галама, реагираа општина Карпош и МОН.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here