дома Спорт ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат во Суперлигата!!

ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат во Суперлигата!!

431
0
АКЦИЈА

Светската фудбалска федерација ФИФА им се закани на фудбалерите чии клубови најавуваат основање на елитна европска Суперлига.

-Играчите кои ќе бидат дел од Европската Супер-лига нема да можат да играат за репрезентациите. ФИФА најави суспензии за сите фудбалери што ќе бидат дел од најавеното натпреварување.

Најавената суспензија од ФИФА подразбира забрана за настап на фудбалерите кои би играле во најавената Суперлига за нивните национални селекции на светските и европските првенства.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфатино, вели дека негова обврска е да го „штити фудбалот“.

„Видовме многу обиди за одделување од главната структура. Или сте во неа или ќе бидете комплетно надвор. Играчите кои на клупско ниво нема да бидат со нас, тогаш нема да играат ниту во националните лиги, во конфедерациските натпреварувања ниту пак на Европските и на Светските првенства“ – порача Инфантино.

Инаку пред десетина дена најбогатите фудбалски клубови од Европа најавија формирање на Суперлига во 2021 година.

Во лигата која е надвор од рамките на ФИФА и УЕФА би играле гигантите на светскиот фудбал Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барен Минхен, Милан, и уште неколку од најбогатите и најтрофејните екипи во Европа.

Според дел од европските медиуми раководните луѓе на овие гиганти веќе и одржале неколку тајни состаноци на кои разговарале формирање на елитно натпреварување.

Превземено од Канал 5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here