Додатокот за трето дете ќе се укине, а ќе се дава еднократна помош за секое родено дете. Ова се предвидува со измените на Законот за заштита на децата, со кои се бришат членовите од Законот со кои беше предвидена помошта за трето дете, пренесе СДК.
Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Допрва треба да се разгледува на владина седница пред да се даде на усвојување во Собранието.
За потсетување, со Законот за детска заштита кој беше донесен во 2009 година, од владата на тогашниот премиер Никола Груевски, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а за родено четврто дете ако добива додаток за трето дете помошта е 11.267 денари во рок од 15 години.
Семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош освен што ќе добиваат еднократна помош, ќе им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија.
„Овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани. Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30 проценти, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата“, додаваат од Министерството за СДК.МК.