дома Црна Гора Вo Њујорк почнува судењето против Ел Чапо

Вo Њујорк почнува судењето против Ел Чапо

468
0
АКЦИЈА

Под засилени мерки за безбедност, денеска во Њујорк почнува судскиот процес против Мексиканецот Хоакин Гусман со прекар Ел Чапо, кој 25 години беше на чело на најголемиот наркокартел во светот и во 2017 година беше екстрадиран во САД, по две бегства во Мексико.

Според американските обвинители, Ел Чапо – кого го викаат „Малиот“ поради неговиот низок раст, е најмоќниот шверцер со дрога по Колумбиецот Пабло Ескобар, кој беше убиен во 1993 година. Ако 61-годишният Гусман биде проглесен за виновен, може да добие доживотна казна затвор.

Тој е обвинет дека од 1989 до 2014 година го водел картелот „Синалоа“, кој во САД внесол повеќе од 154 тони кокаин и огромни количини хероин, метамфетамини и марихуана во вредност од 14 милијарди долари.

Денеска зад затворени врати ќе почне изборот на поротници чии имиња ќе се чуваат во тајност и ќе добијат обезбедување, каква што е праксата кога им се суди на опасни криминалци.

По процесот, кој ќе трае околу честири месеци, поротата ќе треба да одлучи дали собраните докази се доволни за Ел Чапо да биде обвинет по 11-те обвиненија против него, вклучувајќи и обвиненија за шверц и продажба на дрога, поседување огнено оружје и перење пари. Тој се изјасни дека е невин.

Ел Чапо не е обвинет за убиства, но обвинителите тврдат дека постојат докази дека тој нарачал да бидат убиени најмалку 37 лица.

Превземено до 24 Вести

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here