дома Македонија Александра, ќерката на премиерот Заев, ќе чекори на модната писта: Се во...

Александра, ќерката на премиерот Заев, ќе чекори на модната писта: Се во име на хуманоста!

211
0
АКЦИЈА

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, ќе зачекори на модната писта во знак на поддршка на лицата со попреченост, на хуманитарниот настан во организација на здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица.

Настанот ќе се случува во хотел Вила Парк во Струмица на 2 декември, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, а од организацијата веќе го потврдија учеството на Александра, која е ученичка во четврта година во СОУ Јане Сандански.

Исто така, и сопругата на премиерот, Зорица Заева ни потврди дека Александра ја прифатила понудата да се појави како придружба на децата модели на ревијата, со цел да се пренесе пораката дека сите сме исти и треба да се стремиме кон прифаќање на различностите.

Повеќе можете да прочитате на следниов линк Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here