дома Балкан Во петок уставните амандмани ќе бидат доставени до Собранието

Во петок уставните амандмани ќе бидат доставени до Собранието

451
0
АКЦИЈА

Во петок се очекува Владата да ги достави до Собранието нацрт уставните амандмани, јавува НоваТВ. Ова е следна фаза, по одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон промена на Уставот.
По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во Уставот, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии. Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Ова значи дека доколку нацрт амандманите бидат доставени во петок на 26 октомври, еден месец подоцна кон крајот на ноември треба да бидат изгласани во Собранието. За гласањето во оваа фаза е потребна поддршка од 61 пратеник.

Но, овие рокови можат да бидат и покуси, бидејќи претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, што дава можност оваа фаза да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

По утврдувањето за нацрт-амандманите, тие одат на јавна дискусија и потоа повторно се враќаат кај предлагачот па во Собранието да бидат усвоени. Од моментот на доставување на предлог – иземните до одржување на пленарната седница треба да поминат најмногу 30 дена. Колку време ќе трае јавната дискусија ќе треба да утврди Собранието.

За одлуката за усвојување на амандманите потребно е исто двотретинско мнозинство, а за амандманот на преамбулата и Бадентерово мнозинство.

Според овие рокови, се очекува уставните измени да бидат усвоени кон средината на јануари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here