дома Вести Ременски до Џафери: Пратениците добиваат закани по својот живот, да го известите...

Ременски до Џафери: Пратениците добиваат закани по својот живот, да го известите МВР!

404
0
АКЦИЈА


Пратеничката Фросина Ташевска-Ременски му испрати писмено барање на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со кое го известува дека пратениците, но и нивните семејства, повеќе од една година се соочуваат со сериозни закани и линчувања, поради што од него бара да го извести МВР.

-Како претседател на Собранието на Република Македонија, а во контекст на општествено-политичката состојба и процесите во Собраниетo, одговорно и сериозно сакам да ве известам за нарушениот демократски амбиент во кој пратениците на Собранието на РМ ја извршуваат својата функција.

Имено, повеќе од една година е нарушен општествениот амбиент во кој пратениците се изложени на јавно искажани закани по нивниот живот, безбедноста на нивните семејства, деца и трпат сериозен говор на омраза и линч на социјалните мрежи. Сето ова, индивидуално и колективно влијае на чувството на безбедност на пратениците и нивната слобода во извршувањето на уставно и законски гарантираното право на одлучување и гласање во Собранието.

Од Вас барам да го известите Министерството за внатрешни работи да ги превземе сите неопходни активности за обезбедување на физичкиот интегритет на пратениците независно од која политичка партија доаѓаат и да го информирате Основното јавно обвинителство по службена должност да поведе истрага за сите закани упатени кон пратениците, му напиша пратеничката Ременски на Џафери.

Неодамна, писмо со закани, стигна до пратениците во Собранието, и тоа непосредно пред да гласаат за договорот за името.

превземено од:фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here