дома Вести Срамота е! Не може еден да договара, а друг да местите –...

Срамота е! Не може еден да договара, а друг да местите – смс-порака од „Траекторија“

478
0
АКЦИЈА


МАКЕДОНИЈАСрамота е! Не може еден да договара, а друг да местите – смс-порака од „Траекторија“Објавено пред 44 минути – 12 октомври, 2018Од Васко Маглешов

Во Кривичниот суд во Скопје утрово продолжи судењето за случајот на СЈО под кодно име „Траекторија“ во кој меѓу обвинетите се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски.

Предметот е во фаза на доказна постапка, а на денешното рочиште од проектор се презентраа смс-пораките меѓу обвинетите и други лица во процесот. Обвинителката Лиле Стефанова, во првиот дел од судењето презентира 103 смс-пораки кои меѓусебе си ги испраќале ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.

Смс-пораките датираат од крајот на 2012 и 2013 година. Заедно со нив обвинителката приложи и анализа на доставените дата-бази со смс-пораки. Во смс комуникација од 20.02.2013 година, Ставрески му пишува на Јанакиески „не може вака да местиш луѓе“.

Во следна смс-порака Јанакиески му пишува на Ставрески „два дена го бараме планот со финалните суми. Не знам од каде ова дека те местам“. Во смс-порака од 26.02.2013 година, Ставрески му напишал на Јанакиески „не може еден да договара, а друг да местите. Срамота е“. На тоа Јанакиески враќа порака со содржина „никој никого не мести. Не е добро да мислиш дека некој те мести“.

Во изведените смс-пораки може да се види како двајцата министри биле во постојана комуникација, за договарање на деталите како да го реализираат планот за изградба на автопатиштата во Македонија. Во една од пораките пишува дека кинескиот амбасадор бил многу лут, дека треба да се однесе на ручек за да се смири. Во друга смс-порака станува збор за втора понуда која пристигнала за изградба на делницата Миладиновци – Штип од кинеската компанија „Чајна интернешнл вотер електрик корпорејшн“ која што го градела „Козјак“.

„Амбасадорот ги поддржува овие и мислам дека се координирани“, му напишал Јанакиески на Ставрески во 2013 година.

На минатите рочишта од ова судење беа прислушани сите телефонски разговори на македонски јазик, останаа да се преслушаат уште неколку кои се на српски и англиски јазик.

Во предметот „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и поранешниот директор за државни патишта, Љупчо Георгиевски, се обвинети дека во текот 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања, со што според СЈО, на државниот буџет му нанеле штета од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

превземено од:makfax

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here