Извори во Министерството за одбрана брифираат за expres.mk дека околу 19.30 часот на границата со Грција во близина на граничниот премин Евзони патрола на Армијата на Република била дел од вооружен инцидент.
Редовната патрола на АРМ пред при спречување мигранти насилно да влезат на македонска територија испукала десетина куршуми во воздух.
Во инцидентот се приведени тројца мигранти кај граничниот премин Богородица.
Другите десетина мигранти кои бил дел од инцидентот се повлекле на Грчка територија.
Последниве денови се забележани зголемен број обиди за влез на Јужната Граница, потврдуваат извори во државниот центар за управување со кризи.
превземено од: Ekspres.mk