Поради измени во Законот за вработување во Германија е прекинато вработувањето на граѓаните од територијата на поранешните Ју простори.
Во овој момент граѓаните без европски пасоши не можат да работат, ова важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши без оглед за која работа сакаат да аплицираат. Ова се однесува на сите вработување, без разлика дали сакате да аплицирате за медицинска сестра, градежник, помошничка или нешто друго, пренесува порталот Balkan- life.com.
Од 1 јануари следната година стартува нов закон за вработување, со кој сите граѓани од поранешна Југославија, чии држави не се во Европска Унија, ќе можат да се вработат под истите услови како граѓаните од Европска Унија.
Доколку се одлучите да работите во Германија овие 11 зборови сигурно ќе ви бидат потребни. Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваатнадвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика„Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тојлуксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина.
Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Gleitzeit/Глајтцајт
“Gleitzeit” – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде штоможе да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Восекој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече “Mahlzeit”, односно „пријатно јадење“.
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: “Quereinsteiger”, што во буквален превод значи – страничен сурфер.
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Gleichstellungsbeauftragte/Глајхштелунгсбеауфтрагте
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува ферработна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да сеосигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска штопотенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им гарантирани следните 3 години на работното место.
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот денсе нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор„Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.