дома Балкан Зимбери: Ако пропадне референдумот Албанците со или без Македонците ќе продолжат кон...

Зимбери: Ако пропадне референдумот Албанците со или без Македонците ќе продолжат кон ЕУ и НАТО. Каролина Ристова-Астеруд со одфговор: муабетов ви е збогум на паметта

243
0
АКЦИЈА

Абедин Зимбери, поранешен пратеник и командант на ОНА во 2001, на својот ФБ профил, со наслов ,,Реципроцитет на меѓуетничко почитување“, пишува дека Албанците нема веќе да го трпат непочитувањетоа од Македонците и порачува дека нивниот пат кон ЕУ и НАТО ќе продолжи со или без Македонците:
,,Албанците во Македонија ќе се борат до крај заедно со Македонците, државата како целина да влеземе во ЕУ и НАТО, но доколку референдумот пропадне, Албанците нема повеќе да трпат ваков начин на живот, со или без Македонците нашиот пат кон ЕУ ќе продолжи“-порачува Зимбери.
Тој вели дека Македонците прво требаше да го решат внатрешниот спор кои сами го прават со Албанците, а потоа заедно со Албанците да го решат надворешниот спор со Грција и ЕУ:

,,Вака ли се оди во ЕУ и НАТО со провокации, навреди на сопствените сограѓани?
Кога некој ве почитува и ве подржува немојте да го злоупотребувате со навреди и провокации на национална основа. Навистина не знам кога ќе се разбудите од комунистичкиот сон, кои 50 години ве лажеа и ве учеа како да ги мразите оние што се различни од вас. Сѐ додека јас се чувствувам навреден, понижен, провоциран, несигуран, никогаш не очекувајте дека ќе бидеме лојални грѓани, се додека нѐ ви биде јасно дека јас сум на сопствената земја, не сме странци тука, и се заканувате со разни глупости кои се веќе минато, со вакво однесувње нема да има иднина за никого“-вели Зимбери.

,,Поради тоа што имам прекрасни пријатели Македонци, овојпат ќе се воздржам од понатамошни коментари. Нема да паднам на нивото на некои личности што не знаат кај припаѓат. Сѐ додека ве почитувам како Македонци, сакам и вие да ме почитувате мене како Албанец. Само со реципрочно меѓуетничко почитување можеме да градиме јака, мирна и економски развиена држава. Сѐ друго води кон дестабилизација, поделби, и конфликти во кои нема да има победник. Додека сме во мир можеме да ги решиме сите спорни прашања, во недај Боже конфликтни ситуации, во кои ќе се вмешаат и нашите заеднички непријатели, тогаш кога ќе има жртви и загуби ќе нема место за помирување за сѐ ќе биде доцна.
Време е во мирна атмосфера со меѓусебно почитување да ги решиме грешките кои се направени во минатото и да продолжиме да живеме како луѓе. Кога може една Швајцарија 800 години да нема конфликти, а во неа се зборуваат 4 службени јазици, и е најбогата и најдемократска земја во ЕУ, зошто не може Македонија, една шака земја во која живеат 2 милиони граѓани. Патриотизам е да ги почитувате другите и да ја сочувате државата, а не да ги мразите другите за да сами живеете, тоа не било нити ќе биде.
Сѐ додека Албанците бараат Македонија да влезе во НАТО тоа е знак дека сакаме државата да биде целосна, безбедна и заедничка.
Ние никогаш не оспоруваме нешто што е ваше, јазикот, симболите и идентитетот македонски, само сакаме да го почитувате и вие нашиот јазик, симболи и националниот идентитет.
Различноста е богатство за една држава“-вели Зимбери.

Превземено од Ако

По овој статус на Зимбери се огласи Каролина Ристева-Астеруд.

Таа вели:

“Што да се каже за екстремно (само)залажувачки политички илузии и оперираност од реалноста , па уште со заканувачки и уценувачки мотиви , па демек со нешто фурање геополитики?

Ајде нешто контра, ама брутално реалполитички и геополитички , за освестување , оти сериозно на типов и таквите како него ептен им треба, пред да се џилитаат со закани и уцени. Нешто како , ај со среќа нека ви е, баш да видиме до кај ќе стигнете ?!

Ај што Зимбери е скаран со елементарни ( правни) факти и вистини, и за Швајцарија и за Македонија, а и со некои елементарни концепти , туку изгледа ептен е скаран и со евроатланските и ЕУ -перспективите на албанското сограѓанство во едни вакви сценарија што ги сугерира како божемно реални и животворни , па уште го продава најнечесно на рајата ?

И вака сега сте и вие меѓу оние со јак рејтинг меѓу државите и граѓанството во ЕУ , па со вакви сценарија дамбетер ќе ви порасне , така ? Хммм , а како и со кого ќе одите ? Сами или со Косово заедно да не ?

Како за почеток , минимум две- три вета одма можам да замислам , и тоа од оние најбетон тип , кога ќе те треснат , три метра под земја директс.

Со Албанија да не случајно ? Кога ќе си удрат и они некои математики на својот пат , а и во домашен контекст , вакво политички радиоактивно ѓуле околу врат не им треба , да им урне и ним шансите , остај тоа , тапкање по грб , дали по национална , дали по националистичка основа. Не си леткајте со паметот, ќе ви кажат, браќа и сестри , ај подобро да се видиме во ЕУ, ако ве примат , а?

А што правиме со оние одвнатре ЕУ кои ќе почнат да ви вадат некои валкани вешови , кој по какви списоци го има по безбедносни служби ( и тука и меѓу емиграцијата по Европа ) , па за што и тоа , па-па-па.

Зимбери , како стоиме со поддржувачите, логистичарите, доброволците и симпатизерите на оние од типот на ИСИС па натаму по спектарот , а? А кога ќе ви удрат па еден скрининг за вредносни матрици и ориентации , па каде се свртени нечии симпатии и лојалности, дали навистина кон Брисел и Вашингтон, или негде накај Среден исток?

А , Зимбери, како стоиме со политичкиот ислам во заедницата, настрана надпросечниот за Европа религиозен конзервативизам и фундаментализам?

Со соништата за теократии и теократски супрематии , укинување на секуларизам , слобода на говор и воведување бласфемија , хиџабизирање/никабизирање /буркизирање на жените и нивните права ( дури и виртуелно , по ФБ , аш ги нема партнерките, мајките и сестрите на /семејни/ фотки) , па полова сегрегација ( не дека ја нема , на пример во Чаршија , аш жени по чајџилниците и сл. ), итн.?

Да не мислите дека такви “ разлики” сакаат во ЕУ? И замисли една делегација во Чаир да ви пуштат , ауууу , какви европски трендови таму се случуваат , саде по европски вредности , ма движечки “аки комунитер” , па замислете , ептен испупено на виделина , без тоа “ Македонците “, “ Бугарите “ и “ Словените “ , саде каури и инфидели, да го замаскируваат и упросечуваат.

Се на се , јаки ви се шансите , дури и би се кладела, појаки од оние на Ердоганова Турција. Ма сигурно , пред нив ќе влезете , ако се они толкаво државиште со мориња , па бафер граница и јака војска кон довчерашните им колонии на поранешните освојувачи и колонизатори на Византија, со ноторни историски големи апетити и бројни обиди и накај Европа ( некои и успешни привремено) и , нели, со бајаги референтно искуство и стаж со таквите мераклии во рамки на последниот историски калифат кој го укина Ататурк.

Плус, нив баш и ги нема по тоа безбедносните списоци за антиевропски и антизападни дејанија , а и имаат и јак џокер , “ бисерот “ за враќање назад на Европа – Константинопол/ Истанбул. Јас лично повеќе би се кладела на Турција , дури и со се Ердоган , не на вас.

Така да , ај намалете со тоа џилитањето , агресијата , уцените и заканите , нигде вие не мрдате без “ Македонците “, “ Бугарите“ , Словените “ или како веќе милувате да ги викате , ок ? ( па уште , да потсетам , на толкав број држави -членки баш на “ Словените “ внатре во ЕУ, шест засега , почнувајќи од една од поголемите – Полска, така да , збогум памети ви е муабетот),” пишува професорката Астеруд Ристова која реагира на заканите за конфликт упатени од екс командант на ОНА и пратеник од Липково.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here