дома Балкан Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа

Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа

426
0
АКЦИЈА

Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.
Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со кој се решава спорот за името со Грција и се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Во рамки на кампањата објавени се и неколку видео-спотови со кои се појаснуваат придобивките од договорот.

Претходно, Владата на нејзината веб страница објави текст со факти за Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство, во кој во 10 точки се содржани бенефитите за Макадонија и македонските граѓани од договорот. Кон текстот е прикажан и линк кон целосниот текст на договорот на македонски јазик.

Во текстот како прва придобивка се наведува дека станува збор за Договор за македонската иднина, дека со договорот е заштитен македонскиот идентитет, дека е заштитен македонскиот јазик, државјанството е македонско сега и во иднина, химната, грбот и знамето не се менуваат, а остануваат и меѓународно прифатените и препознатливи кодови МК-МКД. Меѓу 10-те точки се и дека добивме покана за НАТО со што земјата ќе стане 30-та земја членка, дека ќе започнеме преговори за членство во ЕУ, за што преговорите се во тек, како и дека договорот гарантира македонско-грчко пријателство и соработка и дека нема веќе ФИРОМ.

За текстот денеска пишуваат и грчките медиуми. Весникот „Катимерини“ под наслов „Заев исцрта 10 точки од Договорот од Преспа, кои ги смета за дипломатска победа“ ги наведува поединечно секоја од точките и посочува дека се дел напорите за убедување на јавноста да гласа за договорот на претстојниот референдум закажан за 30 септември. При тоа, весникот истакнува дека ова е конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор околу именувањето и стратегија за соработка меѓу двете земји.

Си Ен Ен – Грција излегува со наслов „Десет точки од Договорот од Преспа со фокус на Македонија во пресрет на референдумот каде се посочува на текстот на владината интернет страница со 10-те точки, кои се опишуваат како „дипломатска победа“ на земјата. Во текстот се наведува дека македонската влада спроти референдумот е во засилената кампања која е фокусирана на позитивните аспекти од Договорот од Преспа. Поединечно се наброени и секоја од точките со образложението.

– Меѓу другото, карактеризиран како договор за иднината, зборува за заштита на „македонскиот“ идентитет и јазик, се појаснува дека тие нема да ги променат химната, знамето и грбот, со нагласување на отворањето на пристапните преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО, посочува Си-Ен-Еб Грција.

Невладината организација МЦМС минатата недела објави резултати од анкета за испитување на ставовите на јавноста за референдумот според која само три проценти од македонските граѓани целосно го прочитале договорот од Преспа

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here