дома Балкан Србија и Хрватска, трите лица на Олуја

Србија и Хрватска, трите лица на Олуја

457
0
АКЦИЈА

Службената прослава на „денот на домовинската благодарност”, кој е во Хрватска државен празник, почна уште синоќа со полагање венци во Книн, додека за денес и недела се најавени свечени говори на членови на државниот и војниот врв и останати пратечки манифестации.

Фантоми и фудбалери

Книнската тврдина оваа годфина првпат ќе ја прелетаат половните „Фантоми” , кои Хрватскиа неодамна ги купи од Израел како одговор на половните МиГ-ови кои Србија ги доби од Русија.

Истовремено, како од сребрениот медал би се исцедиле последните капки на патриотски и политички профит,хрватската фудбалска репрезентација ќе одржи пријателски меч со тим составен од одбрани војници и полицајци.

Со обзир дека Хрватска веќе некое време се наоѓа под лупата на светската јавност заради флертувањето со неонацизмот, треба да се очекува дека јавно мафтање со усташки симболи нема да има, што сепак не значи дека воопшто нема да ги биде.

Имено, оваа година на тврдината меѓу знамињата на хрватските единици кои учествувале во Олуја ќе биде и знамето на ХОС, паравојска која на знамето има шаховница со белo поле во горниот десен агол – грбот на НДХ – и поздравот „За дом спремни”, спрема пишувањето на хрватските медиуми.

Изоставувањето на тоа знаме минатата година доведе до кошкање помѓу ветераните на ХОС и обезбедувањето, па затоа овој гест треба да се чита како обид слични такви евентуални судири оваа година да се избегнат.

Од другата страна, одлуката на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ на овој ден да ги одликува генералите Анте Готовина и Младен Mаркач, кои се оптужени во Хаг, па ослободени заради злосторства над цивилно српско население, никако неможе да се свати како израз на добра воља спрема српското малцинство и добрососедските односи со Србија.

Ама ако во Книн „усташлукот” ќе биде во најмала рака пригушен, таква дискреција секако не може да се очекува на паралената манифестација во вид на концерт на Марко Перковиќ Томпсон која секоја година се одржува во друг град ‘- а оваа година во Глина.

Веќе самиот ибор на местото делува како провокација, затоа што Глина е град во кој усташите за време на Втората светска војна во два наврати масакрирале стотина српски цивили – прв пат во мај 1941, а втор пат во почетокот на август истата година, блсику до датата која е денес државен празник.

Овие две прослави одлично ги покажуваат двете лица на Олуја кои се, како две страни на иста паричка, и истовремено две лица на денешна Хрватска.

Она првото, посветлото, е лице на една медитеранска земја со прекрасни плажи, спортски ѕвезди, изузетни научници и врвни уметници, која, со сето тоа,со величенствена победа освоила слобода во Домовинската војна. Тоа е лицето кое Хрватска го врти спрема светот.

Но постои и друго, помрачно лице, со црна капа и ушато „У”, она кое е оличено со стиховите од Томпсоновите усташки поскочици за „Максовите месари” и реките кои носат непријателски лешови. Тоа лице не е толку свртено спрема Србија, колку спрема србите во Хрватска.

И како што нема паричка со една страна, на Хрватска честo и се случува, покажувајќи го првото лице, махинално да го покаже и она другото: тоа убаво се виде кога Томпсон, налик на зла вила од Трноружице, ненајавено се појави во оној автобус на дочекот на фудбалерите во Загреб по најуспешниот настап на Мундијалот .

Олуја има и трето лице, она кое Србија ќе го покаже на комеморацијата во Бачка Паланка, на која ќе се појави и претседателот Александар Вучиќ.

Засега не се знае програмата, но Вучиќ неодамна изјави дека Србите „на поносен и достоiнствен начин ќе ја одбележат својата тага” па оние кои се протерани во текот на Олуја „заслужуваат наша огромна благодарност затоа што покажале голема љубов спрема Србија”.

Меѓутоа пропuшти, да се осврне на фактот дека Србија упорно одбива таа љубов да ја возврати така што, на пример, би им признала на тие луѓе статус на цивилни жртви на војната и така би им овозможила да добијат каква-таква надокнада за страдањата кои ги преживеале.

Цинично образложение е дека тие Срби страдале на територијата на Хрватска, во војна во која Србија не учествувала, па според тоа ништо не им долгува.

Србија, за Разлика од Хрватска, нема две лица кога станува збор за Олуја, па ни од сталните крвави епизоди од девдесетите, туку само едно: заплакано лице на невина жртва на свирепите непријатели – Хрвати, Албанаци, Бошњаци и разнии светскии моќници.

Превземено од BBC NA SRPSKI

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here