дома Балкан ВМРО- ДПМНЕ: Зоран Заев нема образ

ВМРО- ДПМНЕ: Зоран Заев нема образ

820
0
АКЦИЈА

Зоран Заев повторно ја лаже јавноста за штетниот и капитулантски договор со Грција, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истакнуваат дека дури и на големиот празник Илинден премиерот, како што велат, без срам и перде ја погазил жртвата на илјадниците македонски херои кои ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија.

„Зборува за македонска историја, а потпишува дека комисиски ќе ја ревидира. Зборува за македонскиот идентитет, а се согласува да го менува. Зборува за македонски јазик, а го сведува на уставна категорија со дообјаснување, а не како реалност признаена од светот пред неколку децении. Зборува за иднина на Република Македонија, а планира да го промени името во Северна Македонија за ерга омнес“, се наведува во партиското соопштение.

Зоран Заев нема образ, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само пред месец дена се колнеше во Илинденска Македонија. Само пред година дена се колнеше во своите деца и предци дека нема да го промени уставното име, кое прифати да го избрише. Што ли да очекуваме сега, кога се колне во АСНОМ и Илинденското востание“, прашуваат од опозициската партија.

Воедно истакнуваат и дека иднината на народот се гради со дела, со многу труд, реформи и работа, а не со продавање на националните и државни интереси.

„Европа е семејство на рамноправни народи и држави, на партнери со достоинство и меѓусебно почитување. Во Европа се почитуваат вредностите на демократијата, човечките права и правото и ние веруваме и се залагаме за тоа. За жал, криминалниот картел на власт во Македонија тоа не го разбира и ја злоупотребува Европа за да гази по Уставот и законите кои се основа на правото, да прогонува и да му се заканува на својот народ, да го свива ‘рбетот и да го гази достоинството на Република Македонија“, стои во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here