дома Балкан Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози

680
0
АКЦИЈА

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба.
Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на составот на ДИК. Според информациите, синоќа работните групи на партиите постигнале одредено поместување во разговорите што во понеделникот вечерта заглавија на законот за финансирање на политичките партии.

Известувањата од политичките партии за нивните предлози за членови на ДИК сега треба да бидат доставени до претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски, кој, пак, треба да закаже седница за утврдување на предлозите.

Како што беше соопштено, СДСМ ги предлага за членови на ДИК Борис Кондарко, Јанаке Витановски и Радица Ристевска, а ВМРО-ДПМНЕ го предлага Оливер Дерковски за претседател, а за член Елизабета Постоловска. ДУИ ја предложи Дитмире Шеху, додека БЕСА излезе со предлогот Енвер Салиу.

Се очекува до сабота да се одржи седница на Собранието на која, покрај изборот на новиот состав на ДИК, ќе бидат донесени и измените во законите за финансирање на политички партии и за влада, како што беше договорено на лидерската средба во понеделникот.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here