дома Балкан Пожарот во Грција од час во час. Расте бројот на жртви

Пожарот во Грција од час во час. Расте бројот на жртви

897
0
АКЦИЈА

10.18 Шпанија и прати на Грција два авиони за гасење пожар

АТИНА – Шпанската влада соопшти денеска дека пратила во Грција два авиона за гасење пожари – амфибији, како би им помакнале на грчките противпожарни служби во гасењето на пожарот.

Шпанското Министерство за земјоделие соопшти дека секој од пратените авиони носи по 5,5 тони вода, како и дека со нив управуваат членови на државните воздушни сили, пренесува АП.

9.50 Ципрас: Ова е тешко време за Атика и Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој ја прекина посетата на БиХ заради големиот пожар кој ја зафати областа недалеку од Атнина, aво кој 50 особи загинаа, додека повеќе се повредени, изјави дека ова е тешко време за Атика и Грција.

Тој тоа го рече синоќа во против пожарниот центар во халандра, веднаш по враќањето од БиХ, пренесе грчката агенција АНА.

09.01 Најмалку 50 жртви на пожарот

Уште 26 јагленисани тела најдени се во околината на селото Мати, во источна Атика, со што бројот на жртвите на пожарот во Атика се качи на повеќе од 50, јавуваат грчките медиуми.

“Нажалост, пронајдовме 26 јагленисани тела, помеѓу две куќи во местото Аргира Акти”, изјави Никос Економопулос, претседателот на Грчкиот Црвен крст за државната телевизија.

23.50 МАТИ – Вонредна состојба заради пожарот кај Атина, најмалку пет жртви

Угленисани остатоци на најмалку четири жртви се наоѓаат на улиците на грчкото село Мати, кое го уништи пожарот, јавува Ројтерсовиот очевидец.

Се наведува дека е во прашање приобално село кое се наоѓа источно од престолнината Атина.

22.25 Во пожарите 1 особа настрадала, 25 повредени, исчезнати 10 Данци

Заменик на шефот на грчките соасувачки служби Милитијадис Миланос изјави синоќа за државната телевизија ЕРТ дека една особа страдала во пожарите во источниот дел на областа Атика,како и дека 25 луѓе се повредени, од кои шестмина се во тешка состојба,пренесува МИА.

Се наведува дека грчките медиуми јавуваат дека десет особи, најверојатно туристи од Данска, исчезнале бегајќи од пожарите при што скокнале во чамец и се упатиле во непознат правецu…

21.23 Ципрас од БиХ хитно се враќа во Атина заради пожарите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја скрати посетата на БиХ и хитно ќе се врати во земјата, каде во околината на Атина беснеат големи шумски пожари, соопшти извор на грчката влада.

21.12 Шест особи се здобиле со опекотини во пожарите во Грција

најмалку шест особи се здобиле со опекотини во шумскиот пожар во близина на Атина, соопшти портпаролот на против по=арните служби Ставрула Малири.

Сите шест особи се пренесени во болница, додаде малири.

20.55 Грција ќе бара помош од ЕУ за борба со пожарите

Грција бара помош од ЕУ во борба со пожарите, кои уништија домови и примораа на бекство илјадници луже од областа на Атина.

Портпаролот на Цивилната заштита Спирос георгиу рече за АП дека формалното барање ќе биде ставено покасно денеска.

20.52 Вонредна состојба во областа кај Атина,евакуација на плажите

Регионалните власти прогласија денес вонредна состојба во источните и западните делови на поширокото подрачје на Атина, по што пожарите биле засилени од јаки ветрови, зафатиле борови шуми и приморски градови од двете страни на грчката престолнина.

Од двете страни на грчката престолнина беснеат шумски пожари во кои се запалени куќи, населението бега, евакуирани се детските летни кампови, а над Атина паѓа пепел и небото е прљаво од дим во портокалова боја,наведува АП.

Пожарот кај Атина, населението ги напушта домовите

Голем пожар ја зафати населбата западно од Атина, помеѓу грчката престолнина и Коринт, куќите во таа населба се загрозени, па граѓаните ги напуштаат домовите .

грчкиот лист катимерини пишува дека пожарот го гасат 30 противпожарни возила и 70 пожарникари, како и пет авиони и два хелихоптери.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here