Македонија ќе испрати два авиона за гаснење на пожарите во Грција. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети изминативе десет години.
Тој додава дека авионите за гаснење пожар се најбрз механизам. „Пожарникари нема да се испраќаат бидејќи станува збор за далечна дестинација. Доколку има потреба, ние ќе испратиме и теренски возила со пожарникари“, додава Џаферовски.