дома Балкан Скопје ѝ дава милион денари на Атина

Скопје ѝ дава милион денари на Атина

489
0
АКЦИЈА

Град Скопје итно реагира по страотните пожари во Атина што одзедоа педесетина животи. Градоначалникот Петре Шилегов утрово разговараше со колегата Јоргос Каминис, по што беше одлучено Скопје да и даде милион денари на Атина.
„Тоа е првата итна мерка, а остануваме отворени за било каква помош доколку тоа биде побарано од нас“, велат од Град Скопје за „Независен весник“.

Двајцата градоначалници изминатиов период имаа неколку средби, при што беа договорени меморандуми за соработка меѓу главните градови на Македонија и на Грција. И Дирекцијата за заштита и спасување понуди помош на Грција, два авиони чекаат дозвола да летнат. На готовс се и во Црвениот крст, од каде потенцираат оти се во постојана комуникација со грчките колеги. (Г.А.)

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here