дома Балкан ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КОШАРКАРИ ДО 18...

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КОШАРКАРИ ДО 18 ГОДИНИ

496
0
АКЦИЈА

Градоначалникот Шилегов денеска заедно со спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Владимир Темелковски, одржа прес-конференција во спортската сала „Јане Сандански“ каде што ги изнесоа деталите за претстојното европското првенство за кошаркари до 18 години, на кое Скопје ќе биде домаќин. На пресот беа присутни и селекторот на машката репрезентација во кошарка до 18 години, Панче Милевски и капитенот на репрезентацијата, Лука Стојаноски.

– Ми претставува чест и задоволство што Скопје оваа година е домаќин на европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години, најмасовно првенство за млади со учество на 24 екипи и вкупно 300 учесници. Првенството трае девет дена, сметајќи ги и двата дена за одмор (30 јули и 2 август), почнува на 27 јули, завршува на 5 август 2018 година – кажа Шилегов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here