дома Балкан Се повеќе странци сакаат да ја посетат Хрватска по успехот на Ватрените

Се повеќе странци сакаат да ја посетат Хрватска по успехот на Ватрените

572
0
АКЦИЈА

Бројни туристи го продолжија престојот во Хрватска заради одличната атмосфера во таа земја за време на Светското фудбалско првенство, што на бројни пазари со големи промотивни ефекти предизвика и пораст на побарувањата, па и во Франција, Велика Британија и РУсија со кои Хрватска ги играше завршните мечеви, вели директорот на главноит уред на ХТЗ Кристиан Станичиќ.

Најавувајјќи нови промотивни кампањи на ХТЗ за посезоната на десет пазари, кои ќе тргнат за неколку дена, Станчиќ за ХИНА изнасува информации кои ги добиваат од разни пазари и говорат за порастот за заинтересираност за Хрватска по одличниот настап на Светското фудбалско првенство.

“иако сега е тешко да се кажат некои конкретни бројки и колку успехот ќе се преточи во повее посети и ноќевања во Хрваљтска, сепак се очекува позитивен раст, а и скоро сите наши партнери на клучните пазари, поготово од Франција, САД, Италија, Австрија, Велика Британија, Русија и други, потврдуваат дека таквите очекувања се реални”,вели Станичиќ.

Тој Додава дека позитивните очекувања се темелат и на одличните резултати на сите активности на НТЗ поврзани со одличната игра на ватрените, со кои допреа до милиони луѓе ширум Светот по пат на друштвените мрежи и веб страниците на ХТЗ.

Говорејќи за новата кампања на посезоната која следи, итаквува дека во тоа ќе ги комуницира туристичкитепроизводи еногастрономија, наутика и активен одмор, како и дека продолжуваат со користењето на секвенци од веќе познатиот спот во светот со хрватските спортисти и уметници “Амбасадорите на хрватскиот туризам” и со поинаков слоган “Croatia, full of excellent players”, кои го покренаа во текот на СП во Русија.

Притоа фудбалерите ќе ги поврзат низ призма на фотографии и текстови со дестинациите од кои доаѓаат, па така визуелно и комуникациски ќе има спојување на Славонски Брод и Марио Манџикуќ, Долен Михољац и Домагој Вида, Лука Модриќ и Задар, Иван Перишиќ и Омиќ, Анте Ребиќ и Имотски итн.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here