дома Балкан Шкариќ: Договорот од Преспа е добар, уставните промени се најчувствителни

Шкариќ: Договорот од Преспа е добар, уставните промени се најчувствителни

603
0
АКЦИЈА

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ во интервју за телевизијата Телма оценува дека договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција е добар.

-Не се оспорува идентитетот на македонскиот народ. Напротив, забележана е националноста Македонци. Некој тоа ќе го толкува како државјанство, но може да се толкува и како етничка припадност – смета Шкариќ.

Тој додава дека референдумското прашање не треба да содржи две прашања како на референдумот во 1991 година, туку треба да го состои називот на договорот со Грција, бидејќи така, според него, секој граѓанин ќе разбере дека договорот произлегува од резолуциите на ООН, дека во фокусот на референдумот е името, дека престанува да важи привремената спогодба, а Македонија ќе добие трајно име и стратегиско партнерство со нашиот најважен сосед.

-Референдумот од 1991 година беше полесен референдум отколку овој, но разликата ќе биде во тоа што тогаш излезноста беше над 76 отсто, значи цензусот не беше проблем. Сега ќе биде проблем цензусот ако предлагачите на референдумот не покажат поголема активност и не се потрудат договорот од Преспа, со сите свои елементи да не го сфатат сите гласачи, ако не се образложи со сите свои детали, тогаш цензусот ќе биде проблем – вели професорот.

Шкариќ истакнува дека тоа што промените на Уставот треба да бидат брзи и неотповикливи и ќе имаат важност за сите времиња ги прави промените многу чуствителни, а најчуствителна од сите, според него, ќе биде интервенцијата во преамбулата.

– Токму во таа интервенција ќе има проблеми затоа што таа е во тесна врска со Рамковниот договор и ќе бидат потребни консултации со албанската заедница – вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here