дома Балкан И изјавите како таа дека Македонија е добриот сосед на Косово, не...

И изјавите како таа дека Македонија е добриот сосед на Косово, не помогнаа да го омекнат оштриот став на приштинските власти

415
0
АКЦИЈА

Дволичната игра на Косово кон Македонија продолжува. Тие ги покачија царините за 30% на прозводите од Македонија. Можеа да се чујат и навистина интересни изјави од наша страна за омекнување на срцата на приштинските власти кои гласеа дека Македонија е добриот сосед на Косово, претпоставувајќи дека Косово има и лоши соседи. Секако кои се лошите момци не беше јавно споменато. Но дури ни тоа не помогна строгиот став на Приштина да омекне.

Денеска министерот за надворешни работи се сретна со државниот врв на Косово не не успеа да ги убеди да ја повлечат одлуката за повисоката царина на земјоделските производи што е на сила веќе три дена.

На заедничката прес конференција со својот колега Пацоли, Димитров рече дека Косово не може да се заштити ако го победи добриот сосед како што е Македонија. Но тој е убеден дека низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

И денес стотици тони овошје и зеленчук остана во Македонија . Во Косово влегле само три камиони или вкупно 30 тони земјоделски производи, што е безначајна количина наспрема просекот од двесте тони дневно.

Во иста ситуација се и останатите земји во регионот. В среда во Белгард ќе се соберат министрите на Македонија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина, а домаќинот министерот за трговија Љаиќ, како што дознава телевизија 24, ќе бара Балканот да се здружи со контра мерки кон Косово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here