дома Балкан Селекторот на Хрватска го покажа правото лице: Томпсон е наша химна

Селекторот на Хрватска го покажа правото лице: Томпсон е наша химна

471
0
АКЦИЈА

Проусташкиот пеач, Марко Перковиќ Томпсон, рече дека во автобусот со играчите на Хрватска го повикале селекторот на “Ватрените”, Златко Далиќ и најдобриот играч на Мундијалот, Лука Модриќ, а селекторот рече дека не гледа ништо спорно во Томпсоновото доаѓање.

Хрватска го освои второто место во Русија после поразот од Франција во финалето 2:4, а Томпсоновото присуство во автобусот кој ги носеше играчите од аеродромот до Плоштадот на бан Јелачиќ во Загреб предизвика опречни реакции во јавноста.

“Селекторот далиќ и Модриќ ме повикаа и рекоа дека е нивна желба да дојдам со автобусоти патувам со нив до Плоштадот на бан Јелачиќ, а јас ги прашав да ли сте вие сигурни? Ми рекоа ајде милим те дојди. Знам дека има некои негативности, но ова не е време за негативности. Мислам дека тоа се кажува за нив… Секој има право на изјава, коментар, но нема право да вреѓа”, рече Перковиќ.

фашистички поздрави не очекувал, а позитивно го изненадиле емоциите кои ги видел кај навивачите. Селекторот Златко Далиќ на прашање на новинар зошто Перковиќ бил во автобусот, во вторникот во Вараждин рече дека ѕа нив Томпсон е химна.

“Немојте да ми поставувате такви прашања. Што е пеачот, каков е пеачот? тоа е хрватска песна, Лијепа ли си. Тоука не е место за вашето прашање, сега да ме прашувате за пеачите… хрватска е втора во светот, а вие мене ме прашувате за пеачите, немојте да ме провоцирате. Пееше пеач кој е наша химна”, рече Далиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here