дома Албанија Фудбалскиот сојуз на Албанија со големо албански изјави: Веруваме дека сите Албанци...

Фудбалскиот сојуз на Албанија со големо албански изјави: Веруваме дека сите Албанци од Македонија, Ксово и секао Прешево ќе бидат обединети под исто знаме и ќе играат за иста репрезентација, албанската

513
0
АКЦИЈА

Победата на Швајцарија против Србија и провокативното славје на головите на Шаќири и Џака разбуди голема доза национализам на Балканот, кој не застана на обичните навивачи, туку ги зафати и официјалните лица. Портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Јоана Дервиши, даде скандалозна изјава со големоалбански апетити.

Дервиши била гостинка во Прешево, во локална телевизија каде што зборувала за победата на Швајцарија против Србија. Го спомна симболот на албанскиот двоглав орел, кој го направија Гранит Џака и Џердан Шаќири при постигнувањето на победничките голови.

„Не беше тоа нормален натпревар, туку натпревар за гордеење. Албанските орли скриени се под покривачот наречен Швајцарија, но успеаја да се издигнат и да полетаат и на тој начин да ѝ пратат порака на Србија дека се бориме за мир, а не за војна“, изјавила Дервиши.

Потоа продолжила за општиот успех на „големоалбанскиот“ фудбал во сите околни репрезентации. Скандалот достигнал кулминација кога признала дека мечтае за „сеалбанска репрезентација“.

„Длабоко во срцето потполно верувам дека еден ден ќе играме под едно знаме и дека сите наши фудбалери ќе бидат од илирскиот полуостров, од Албанија, Македонија, а исто не можам да го замислам тоа и без Прешевската долина“, рекла портпаролката на албанскиот сојуз.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here