дома Балкан Македонија доби нов српски амбасадор: На местото на Душанка Дивјак Томиќ назначен...

Македонија доби нов српски амбасадор: На местото на Душанка Дивјак Томиќ назначен Раде Булатовиќ

316
0
АКЦИЈА

На местото нов амбасадор на Р. Србија во Р. Македонија назначен е Раде Булатовиќ на местото на досегашниот амбасадор Душанка Дивјак Томиќ. Булатовиќ доаѓа од местото амбасадор во Украина.

Булатовиќ дипломатската кариера ја започнал 1988. Бил секретар во Југословенската амбасада во Рим од 1990. до 1992, а од 1995. до 1999. конзул во генералниот конзулат на СРЈ во Истанбул.

Тој дел од својот работен век го поминал и во српските служби. Од 2004. до 2008, во текот на двете влади на Воислав Коштуница, бил на челото на БИА. Оставка на таа функција поднел во јули 2008. година. Во 2009. отворил адвокатска канцеларијаи се специјализирал воглавно во областа на корпоративното право, каде имал и големи успеси, a 2012. поставен е за началник на оделението за движење на неврзаните во МСП Србија. За амбасадор на Р. Србија во Украина и Грузија именуван е 2013. година.

Роден е 1958. во Беране во Црна Гора, како четврто дете на Мило, судија во окружниот суд, и Драгиња, домаќинка. Оженет е и има ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here