дома Балкан Нова провокација по безбедноста на регионот од владејачката ПКД, Хоти :Кога би...

Нова провокација по безбедноста на регионот од владејачката ПКД, Хоти :Кога би се случила поделба Косово би го зело Санџак и дел од јужна Србија

508
0
АКЦИЈА

Заменик претеседателот на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) Реџеп Хоти смета дека поделбата на Косово не е опција, а кога би дошло до такво нешто тоа не може да се случи без Косово да го земе Санџак и Прешевската долина во јужна Србија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Хоти во интервју за лајми.нет вели дека таквиот развој на настаните е невозможен, меѓутоа доколку и дојде до тоа, тогаш би требало и Војводина да се отцепи од Србија.

– Косово и Албанците имаат друга геостратешка позиција. Ги имаат САД. Ја имаат Албанија и НАТО. Имаат поддршка од Северна Македонија. Признаено е од сите соседни земји освен од Србија, изјави Хоти – нагласувајќи дека затоа властите во Приштина до сега повеќе пати ја имаат отфрлено оваа опција.

Тој додаде дека Косово е „организирана институционална држава, со свои воени и полициски сили, едно од чудата на ова време за регионот, па поради сето тоа може да се разбере тоа што политичката елита во Србија со провокации и лажни вести долева масло на огнот“ со заговарање на поделбата на Косово.

– Поделбата не е на дневен ред. Напротив, одвојувањето не може да се случи без припојување кон Косово на дел од Санџак кој припаѓа на Србија и дел од Санџак кој припаѓа на Црна Гора. Не може да се случи поделба на Косово без да се земе Прешевската долина. Не може да се случи без отцепување на Војводина од Србија. Како што гледате, има неколку мали аспекти кои ја комплицираат поделбата на Косово – рече Хоти.

Според потпретседателот на партијата на Кадри Весели, Белград поделбата на Косово ја смета за вистинска опција за да го спречи создавањето на „Голема Албанија“, од која, како што вели, „Србија се плаши“. Затоа косовскиот фактор треба да биде обединет кога станува збор за односите со Белград.

Хоти во интервјуто за лајми.нет порача и дека „Белград треба да ја преземе одговорноста за воените злосторства и инвазијата на Косово“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here