дома Балкан СДСМ го осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието

СДСМ го осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието

469
0
АКЦИЈА

„СДСМ го осудува насилството и говорот на омраза пред Собранието и повикува на смиреност, да не дозволиме некој да ја загрози македонската иднина“ – истакнуваат од владејачката партија.

Во денешното соопштение до јавноста се вели дека „СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието. Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници“.

– Апелираме до сите актери да се воздржат од говор на омрза, навреди, повици за насилство и на демократски начин да го изразуваат мислењето – велат од партијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here