дома Балкан Коѕијас за Македонија: Подобро пријателска држава отколку заедница во која ќе доминираат...

Коѕијас за Македонија: Подобро пријателска држава отколку заедница во која ќе доминираат Турција, голема Албанија или Бугарија

475
0
АКЦИЈА

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, изјави дека владата ги има предвид сите можни варијанти на развојот на ситуацијата и дека националните интереси на земјата се заштитени, а договорот со Скопје ќе стапи во сила дури по завршувањето на неопходните уставни промени.

Според Коѕијас, целта на Грција е да има пријателска држава и партнер на северната граница, што е далеку подобра опција од можноста, како што рече, поранешната југословенска република да стане заедница каде што ќе доминира Турција или да се распадне и да им го отвори патот на голема Албанија и Бугарија, пренесе грчката радио-телевизиска мрежа „Скај. гр“.

Грчкиот министер смета дека Турција се обидува да го претвори албанскиот национализам во исламски фундаментализам и да созаде база за обука на исламски милитанти во близина на граничните премини.

Коментарот на Коѕијас следува по обвинувањата od Евангелос Венизелос, кој обвини дека Владата на Ципрас нема ‘рбет и не го чувствува исламскиот фундаментализам на грчките граници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here