Пратеникот Ферид Мухиќ денеска во собранието застана во одбрана на претседателот Ѓорѓре Иванов по изјавита на еврокомесарот Јоханес Хан која како што вели го нарушува достоинството на македонските институции.
Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот. Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството. Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет, нагласи Мухиќ