дома Балкан Исчезна новинарот кој го истражуваше убиството на Оливер Ивановиќ

Исчезна новинарот кој го истражуваше убиството на Оливер Ивановиќ

456
0
АКЦИЈА

Српската полиција интензивно трага по новинарот Стефан Цветковиќ од бела Црква, на кој му се губи секој траг од четвртокот вечерта.

Неговиот автомобил пронајден е таа вечер пред зградата во која живеел, со отворена шоферска врата и упалени фарови, заради што постојат сомнежи дека е киднапиран. неофилицијално може да се чуе дека пред возилото е пронајден и неговиот рачен саат, со искинати дршки.

Српската полиција го блокираше тој дел на улицата.

Цветковиќ е новинар фриленсер, кој често беше во жижата на јавноста поради горчливи теми, со кои се занимаваше. заради тоа повеќе пати добивал закани, за што и јавно говореше.

Последен пат во зенитот на јавноста беше 19. мај, кога, како раскажуваше, шест часа бил задржан на административниот премин Јариње, каде косовската полиција го испрашувала за неговите сознаниа за убиството на Оливер Ивановиќ. Цветковиќ, инаку, во фебруар одржа конференција во белград, на која ги покажа фотографиите на луѓето кои наводно го ликвидирале Ивановиќ, и за тоа, како што тврдеше, добиле 40.000 евра.

Познат е и по тоа што 2014. возеше низ Хрватска носеќи српско знаме на хаубата од Југо, а потоа низ Србија го возеше хрватското знаме.

НУНС и НДВН сметаат дека исчезнувањето на Цветковиќ мора најсериозно да ги загрижи не само полицијата на Бела Црква туку и Министерството на внатрешни работи на Србија, затоа што новинарот во изминатите години повеќе пати се жалел дека му се закануваат од политичко-криминогените кругови.

НУНС го наведе списокот на заканите,кои новинарот Цветковиќ ги пријавил во НУНС и ОЕБС.

15.12.2016.

– Стефан Цветковиќ вели дека го обавестил НУНС дека во раните утрински часови кога тргнал на пат на возилото видел напишана порака “мртов”. Тој се сомнева дека таа заканувачка порака може да има врска со неговото известување за криминалното складирање и палење на опасен отпад во бела Црква.

30.01.2016.
– Заменикот на претседателот на општината Бела Црква Марјан Алексиќ упатил закани и му го скршил мобилниот телефон на новинарот од тоа место Стефан Цветковиќ, наведол Цветковиќ. Очевидците рекле дека инцидентот се десил во ресторанот Дунавски цвет во местото Стара Паланка, двадесетина километри од Бела Црква. Спрема нивните наводи, Алексиќ се приближил до масата, на која Цветковиќ седел со колегите новинари од Продукциската група “Мрежа” од Белград, и вербално му се заканувал, а кога приметил дека Цветковиќ го вклучил телефонот за да ги сними заканите, Алексиќ му го скршил диплејот на телефонот.

Декември 2015.
– Стефан Цветковиќ изјавил дека непознати лица му го искршиле автомобилот, и тоа по што локалните функционери го означиле како “легитимна мета”, прогласувајќи го за “странски платеник”. како драстичен случај на такви вербални напади, Цветковиќ ја наведува постапката на помошникот претседател на општината Јован Даје, кој повеќе пати во последните месец дена на локалното радио тврдел дека “Стефан Цветковиќ е странски платеник кој се финансира со средствата од Сорос фондацијата со седиште во Франкфурт”.

13.08.2015.
– Цветковиќ изјави дека примил голем број закани по живот на него и неговото семејство. Првите анонимни ‘пријателски сугестии’ дека не би требало да ‘чепка’ за злоупотребите во фондот за капитални инвестиции на Војводина. Подоцна почнуваат секојдневни закани преку интернет и телефон. Му се закануваат со колење, убиство, кршење кичма, убиство на детето, сечење на јазикот, кршење на прсти”.

– Цветковиќ вели дека заканите ги пријавил во полиција на 13. август 2015. “Одма после немилото случување дадов изјава во полиција во Бела Црква. Недолго потоа дадов, како ми е речено, по налогот на министерот на полицијата, дополнување на изјавата. Во таа прилика ми е речено дека е оформен тим кој се занимава со тоа. После две недели имав повик од кабинетот на министерот на полицијата, кога ми е соопштено дека случајот во делот на телефонските зџакани е решен и дека ќе се направи се да се открие кој ги упатил заканите,како и дека по тоа интензивно се постапува”, изјавил Цветковиќ. Он додал дека му е од “ПУ Панчево речено дека има стален зголемен ниво на надзор над семејството”, и дека полицијата го “контактира на десетина дена”. “Во полицијата ми е речено дека мета на закани сум бил затоа што на конференцијата за новинари сум поставил прашање во врска со работата на ЗФондот за капитални инвестиции на Војвосина и дека телефонот од кој заканите стигнаа го користеле лица кои биле лишени од слобода и осуничени дека го оштетиле Фондот”, прецизирал тој. Цветковиќ уште навел дека што се однесува на заканите по пат на интернет, “обвинителството за вискотехнолошки криминал го обавестило дека се работи на тоа”, односно дека е “смалено полето кој тоа би можел да го направи”. Тој уште рекол дека е “пријатно изненаден од реакцијата на полицијата во врска со овој случај”.
– Цветковиќ за агенцијата Бета рекол дека заканите почнала по што му поставил прашање на премиерот Александар Вучиќ на конференцијата за новинари во Владата на Србија 7. август 2015., за истрагата во врска со злоупотребите во Фондот за капитални инвестиции на Војводина.

15.05.2018.
– Цветковиќ рече дека машка особа го навредувала и му се заканувала да “не пишува за стварите за кои не треба да пишува”. “Ми се закануваше со смрт, ме поли со пијалок, ме плукна. Сабајлево заканите продолжија по телефонски пат. Го пријавив во полиција, а кога излегував од полиција, тој ме чекаше пред зградата и повторно ме нападна, по што полицијата го приведе”, рече Цветковиќ. Тој додаде дека се сомнева дека таа машка особа му се заканувала затоа што пишувал за лабаратории за производство на сканк во близина на Бела Црква.
Срѓан Златановиќ е осуден на казна од 6 месеци која нема да се изврши ако оптужениот во рок од 2 години не изврши ново кривично дело.

– Спрема ОЕБС:

04. мај 2008.
На манифестацијата “Гулашијада” во селото Дупљаја (покрај Бела Црква), сопственикот и главиот уредник на независната РТВ ТНТ од Бела Црква, Стефан Цветковиќ, го нападнале дваесетина луѓе, навел новинарот. Цветковиќ се обидел да ја сними таа група како ги провоцира и псуе лидерите на Лигата на Социјалдемократи на Војводина, Ненад Чанак. Бидејќи виделе дека ги снима, поединци од групата тргнале накај Цветковиќ, ја погодиле со шише телевизиската камера и неколку пати го удриле. Наскоро стигнала и полицијата, а Цветковиќ тврди дека напаѓачите рекле дека се присталици на Српската радикална странка.

19. јули 2008.
Спрема неговите зборови, бившиот полицаец Марко Павловиќ најпрво му се заканувал на Стефан Цветковиќ, главниот уредник на РТВ ТНТ од Бела Црква, а потоа и го претепал. Инцидентот се случил во еден ресторан во Бела Црква, каде Цветковиќ вечерал со својата девојка, и каде Павловиќ му се приближил и го усрил со бокс во главата. Причината за нападот е снимката која ја емитувала отпрво РТВ ТНТ,а потоа и Б92, и на која се гледа како Павловиќ – кој бил во тоа време полицаец – конзумира наркотици. По емитувањето на таа снимка, Павловиќ е суспендиран од работното место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here