,,Уставниот суд треба да делува по службена дожност врз основа на член 82 од Уставот на Република Македонија (“Настанувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена дожност“) според кој во услови на трајна спреченост да ја врши функцијата, до изборот на новиот претседател, функцијата ја врши претседателот на собранието. Ментално заболување е основ за трајна спреченост за вршење на функција.
Уставниот суд треба да ги разгледа условите за поведување постапка за одземање на деловната способност (постојат случаи, во кои лицето кое по закон се стекнало со деловна способност, поради неговата душевна состојба, слабоумност, употреба на алкохол, дроги или други психотропни средства, не може да ги сфати дејствијата кои ги презема како и последиците од нив. Кога некое лице е под ваква состојба, тоа е опасно за самото себеси, но и за другите учесници во правниот промет) на Ѓорѓе Иванов (врз основа на комисиско медицинско вештачење), поради повеќекратно манифестирано отсуство на елементарен контакт со реалноста и неспособност за разликување на добро од лошо.
Постапките на Ѓорѓе веќе ја загрозија безбедноста на државата, беа причина за насилство од големи размери, ги девалвираа законодавната и судската власт, и континуирано се извор на правна нестабилност во државата.И покрај сето ова актуелната власт ја продолжи политиката на кохабитација со што го поддржуваше привидот на нормалност.
Граѓаните на Република Македонија мораат да бидат заштитени од последиците на евентуални сериозни заболувања на Претседателот на државата и одговорноста за ваквата заштита лежи во рацете на Уставниот суд.“-
(реакција на професорката Мирјана Најчевска по скандалозното однесување на Ѓорге Иванов, кој како претседател на државата одби да ги сослуша министерот за надворешни работи, Никола Димитров и премиерот Зоран Заев .
Тие дојдоа во неговиот кабинет за да му ги соопштат деталите од договорот за името со Грција.