дома Балкан Борисов днеска одбил средба со Иванов кој е во официјална посета на...

Борисов днеска одбил средба со Иванов кој е во официјална посета на Бугарија

458
0
АКЦИЈА

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денес е во официјална посета на Република Бугарија. Покрај Преседателот Радев, тој требаше да се сретне и со Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, како и со министерката за надворешни работи Захариева.

Меѓутоа, како што јавуваат бугарските медиуми, средбите со Иванов кои требаше да ги има Премиерот Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева се откажани. Според дописникот на Канал 5 телевизија, оваа информација била потврдена и од кабинетот на Претседателот Иванов.

Неофицијалните информации за причините за откажувањето на средбата од страна на Премиерот Борисов, се дека тоа се должи на непримерното однесување на Претседателот Иванов, при неговата вчерашна средба со Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here