дома Балкан Се сруши бугарски хеликоптер, двајца пилоти загинаа

Се сруши бугарски хеликоптер, двајца пилоти загинаа

489
0
АКЦИЈА

Бугарски воен хеликоптер се срушил вечерва во воздушната база кај јужниот град Пловдив во текот на рутинска вежба, при што загинале двајца пилоти, додека еден член на посадата е повреден, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот од руско производство Mi-17 летал на околу 50 метри над базата Крумово кога се срушил околу 20:30 часот, се наведува во соопштението, со напомена дека истрагата за инцидентот е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here