дома Балкан Иванов: Заев манипулира кога вели дека отфрлање на договорот ќе ги загрози...

Иванов: Заев манипулира кога вели дека отфрлање на договорот ќе ги загрози евроатланските перпсктиви и зголеми внатрешните опасности

250
0
АКЦИЈА

Претседателот Ѓорѓе Иванов се огласи со соопштение по повод синоќешното гостување на премиерот Зоран Заев во Топ тема.

Претседателот, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на премиерот, Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ Тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности, претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување, стои во денешното соопштение од претседателскиот кабинет.

„Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО“, се наведува во соопштението.

Иванов смета дека е несериозно и неодговорно прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните на Република Македонија, да се решава телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.

Како што стои во соопштението, склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here