дома Балкан Предлог од Македонски железници : Од следната година железничка линија Скопје-Солун-Платeмона

Предлог од Македонски железници : Од следната година железничка линија Скопје-Солун-Платeмона

435
0
АКЦИЈА

Како што пренесува МИА во тек е отварање на железничка линија помеѓу Скопје-Солун-Платемона. Се вели дека овој транспорт ќе биде поевтин и побезбеден од автобускиот и дека ќе биде добра понуда за туристичките aгенции.

Македонски железници Транспорт АД Скопје им предлага на Грчките железници (TRAINOSE) да се воведат возови на релација Скопје-Солун со можност во летниот период за продолжување до Платамона, како и за железничка врска Битола-Солун преку Лерин.
Тие проекти се претставени при минатонеделната посета што ја оствари менаџерски тим од МЖ Транспорт во Грчките железници, од каде, според директорот на патнички сообраќај во МЖ Транспорт, Сашa Јовановски, рекле дека за такво нешто ќе се разговара во февруари или март следната година кога би се доекипирале со машиновозачи, кои им се дефицитарни.

Отидов со понуда во Грција да воведеме воз Скопје – Солун, со можност во летниот период да се продолжи до Платамона. Ако прифатат Грчките железници во тој случај би се поврзале со нашите туристички агенции и би понудиле цена по договор, изјави за МИА Јовановски.

Редовната цена за Солун е 1.200 денари со воз, а со автобус 1.600 денари на редовна линија, но со агенции таа стасува до 900 денари. Затоа, посочува Јовановски, замислата е со Грчките железници да најдеме некоја прифатлива цена која ќе биде конкурентна на друмот и да ја понудиме на туристичките агенции. Таму Железничката станица е на излезот од Катерини кон Паралија и Олимпик бич, од каде има редовни автобуски линии со времетраење од 10-ина минути и патниците би можеле да патуваат. Пругата минува и низ Лептокарија, вагонот може да отиде до Неипори. Може да се договориме по примерот на ад хок возовите од поранешна Југославија како што беше возот од Скопје за Сплит. Идејата беше да воведеме некој таков воз или можеби само вагон од Скопје за да се приклучи на возот што е во Грција, вели Јовановски, дополнувајќи дека проектот за зимските месеци го нарекле „На кафе во Солун“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here