дома Балкан МРВ ја демантираше веста дека во единицата Тигар ќе биде назначен Албанец...

МРВ ја демантираше веста дека во единицата Тигар ќе биде назначен Албанец за заменик на командатнот

470
0
АКЦИЈА

Деновиве во социјалните медии се појави веста дека во единицата ТИГАР при МВР се очекува на местото заменик командант на единицата да биде поставен Албанец назначен како решение од албанските партии во владеачката коалиција.

Министреството за внатрешни работи се огласи по повод оваа вест и ја нарече тенденциозна невистина.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека партиската, верската или било која друга припадност, не е, ниту ќе биде “критериум“ за професионално напредување во организационите структури на МВР.

Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира шпекулациите што деновиве беа објавени во дел од медиумите, а кои се однесуваат на наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи – “Тигар“, односно поставувањето на службеник на командна позиција во оваа единица. Станува збор за целосна тенденциозна невистина, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here