дома Балкан Ако политичарите не ги задоволат интересите на албанскиот народ во ПЈРМ, тогаш...

Ако политичарите не ги задоволат интересите на албанскиот народ во ПЈРМ, тогаш УЧК ќе ја донесе слободата

459
0
АКЦИЈА

Арачиновецот Насуф Беќири, еден од обвинетите во случајот „Диво Насеље“, преку писмо кое го објавува порталот на албански јазик „Без Цензура“, се заканува дека припадници на УЧК „се насекаде во албанските територии“ и ако политичарите не се во можност да работат „за интересите на албанскиот народ под ПЈРМ, тие ќе ја донесат, на крајот, многу посакуваната СЛОБОДА!“.

Писмото на Беќири го објавуваме во целост:

Јас, Насуф Беќири, неправедно затворен од страна на една вештачка држава, што ги измачува затворениците и ги убива тие што се предадоа во случајот Куманово, барам од вас да работите коректно за почитување на Охридскиот договор, договор кој е минимален услов за мир, стабилност и соживот во БЈРМ. Јас ви кажувам дека ние влеговме во Куманово со иста таа платформа за која сега вие велите дека е „Тиранска Платформа“. Таа платформа ние ја напишавме во Куманово под раководство на Мирсад. Ова бара одговорност од вас:

Не ја продавајте толку евтино со девалвирање таа платформа, поради вашето присуство во владата на „Малиот Тито“, Заев!

Останете верни на оваа платформа и, ако Тито Заев не ги почитува своите принципи, излезете од владата! Зошто нè нарекуваат „терористи“ кога терор ние не направивме. Славомакедонската држава е терористичка, бидејќи дојде за да нè убие на спиење и ги тероризираше жителите на Куманово користејќи дури и тешко оружје против нас! Ние бевме дел од УЧК, што светот ја призна како една од најдобрите армии во светот, армија која ги почитувала сите правила на војната, додека Македонците не ги почитуваа бидејќи ги убија откако го предадоа Мирсад и Бег, со што ја прекршија и Женевската конвенција! Бараме од Али Ахмети целосно да го расветли овој случај и да не не’ остава во затвор бидејќи не’ користеа за лични интереси!

Ние сме осудени од нереален и едностран суд и овој суд не го признаваме! Бараме помош од Европа и од САД, од нашите најдобри и најсилни пријатели и бараме меѓународен суд. Поради постојана тортура што оваа македонска држава ни ја направи, тепајќи не’ во полициската станица, во транспортните автомобили од затворот во судот или дури и внатре во судската зграда, прекршени се сите закони на војување во врска заложници и ниту животот не ни е загарантиран! На крај ви велам дека цело УЧК не е во затвор, момците на УЧК се насекаде во албанските територии и доколку вие не сте во можност да работите за интересите на албанскиот народ под ПЈРМ, тие ќе ја донесат, на крајот, многу посакуваната СЛОБОДА!

Инаку, на рочиштето за „Диво Насеље“ одржано на 17 март, лани, исказ даде токму обвинетиот Насуф Беќири. Тогаш тој пред Судот рече дека во Македонија бил повикан за голема Албанија, а не за Охридскиот рамковен договор. Призна дека учествувал во нападот на полициската станица во Гошинце, како и во оружените нападите во кумановската Дива населба. Исто така, на судењето кажа и дека бил член на група од осум лица која носела униформи и била вооружена.

Зедов униформа и оружје, и мислев дека нема живи да стигнеме до Куманово. Побарав од Мирсан Ндрецај да излезам од групата, оти имав информации дека ќе нe’ предадат. Мирсад во Слупчане се сретна со големиот човек, кого јас го знаев како командант Шипоља. Со комбе стигнавме во Куманово, рече тогаш во својот исказ обвинетиот Беќири.

Тој пред Судот кажа дека критичното утро во кумановското Диво насеље, слушнал пукотници и излегол во дворот, и, како што кажа, почнало да се војува.

Превземено од: Букефал

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here