дома Македонија Српската амбасада синоќа приреди дегустација на српска храна и коктел за многубројните...

Српската амбасада синоќа приреди дегустација на српска храна и коктел за многубројните гости во Македонија

766
0
АКЦИЈА

Синоќа во Српската амбасада во Македонија беше одржана дегустација на храна и коктел. Можеа да се видат голем број на видни личности од македонската политичка сцена. Присутен беше и премиерот Зоран Заев заедно со министрерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од амабсадорите, присутни беа амбасадорот на САД Џес Бејли, амбасадорот на Русија Олег Шчербак, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет како и амбасадорите на скоро сите земји од региониот.

Во опуштена атмосфера во дворот на српската амбасада во Скопје се дегустираше српска храна и се пиеше вино. Присутните уживаа во српските специјалитети и гостопримството на српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ која стои зад организацијата на овој настан.

Ова беше повод политичарите во Македонија и дипломатскиот кор на еден опуштен начин да се сретнат и поразговараат за бројни теми.

Од српските политички партии присутни беа претседателот на Српската напредна странка во Македонија Драгиша Милетиќ и претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ.

Присутни беа и претсавници на многубројните српски компании кои работат или соработуваат со Македонија. Воедно ова беше можност и за остварување нови контакти и соработка помеѓу Србија и Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here