дома Балкан ШЕЌЕРИНСКА: МНОГУ СКОРО ЌЕ ИМАМЕ ТРИЕСЕТ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА

ШЕЌЕРИНСКА: МНОГУ СКОРО ЌЕ ИМАМЕ ТРИЕСЕТ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА

468
0
АКЦИЈА

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера беше меѓу граѓаните на Охрид а се сретна и со поддржувачи на партијата. На средбата со граѓаните се разговараше за мерките од програмата на Владата, за придобивките од приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО и за повеќе актуелни прашања од интерес на граѓаните.

Новата Влада промовира нов стил на транспарентно функционирање во чиј центар се граѓаните и нивните потреби, го слуша гласот на граѓаните и делува во интерес на граѓаните, рече Шекеринска.

„Реформите што ги преземавме како Влада, промените што ги спроведуваме, обезбедуваат поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари во нивниот домашен буџет. Само во првите 6 месеци успеавме да ги зголемиме минималната и просечната плата и 90 илјади граѓани сега земаат поголема плата.

Доколку продолжиме со овој ритам без никаков сомнеж до крајот на 2019 година просечната плата ќе достигне до 30 000 денари. Ја укинавме радио-дифузната такса, ја вративме евтината тарифа за струја, парите ги враќаме кај граѓаните. Знаеме, ова е само почеток, посветени сме на подобрување на животот на сите наши граѓани и резултатите ќе бидат многу повидливи многу скоро! – рече Шеќеринска

Заменик претседателката се осврна и на евро-интеграцискиот процес и враќањето на Македонија на патот на интеграциите потенцирајќи го значењето за граѓаните од членството во ЕУ и НАТО.

„Видовме за краток период што значи за економијата пријателство со соседите и соработката во комбинација со вистинските економски политики. За првите три месеци од оваа година имаме 235 милиони евра странски инвестици во земјава, рекордно за во изминатите 12 години. Инвестициите значат повеќе пари, повеќе можности за нови работни места и за повисоки плати. Кога зборуваме за ЕУ и НАТО, зборуваме токму за тоа, подобар и поквалитетен живот на граѓаните, функционални институции, правна сигурност, безбедност и повеќе пари кај граѓаните“ додаде Шекеринска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here