дома Балкан Хрватска: Чистка во претседателството на ХДЗ, сменети критичарите на премиерот

Хрватска: Чистка во претседателството на ХДЗ, сменети критичарите на премиерот

443
0
АКЦИЈА

Претседателството на Хрватската демократска заедница (HDZ) денес ги разреши од должноста политичкиот и меѓународниот секретар на партијата Давор Иво Штир и Миро Ковач, некогашни министри за надворешни работи на Хрватска.

Хина пренесува дека на нивното место на функциите се именувани Ловро Кушчевиќ и Давор Божиновиќ.

Во Хрватската јавност општо познато е дека сменетите беа жестоки критичари на премиерот и претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here