Претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека во почетокот на јули мандатот за составот на новата влада ќе му го понуди на Јанез јанша чија Словенечка демократска партија (SDS) во неделата освои релативно мнозинство на мандати во новиот состав на Словенечкиот парламент.
“Мислам дак е во ред тој прв да добие прилика за составување на влада. Дури и ако во тоа не би успеал, бирачите би знаеле дека имал прилика за тоа”, рече Пахор за Словенечката телевизија.