Претседателството на Хрватската демократска заедница (HDZ) денес ги разреши од должноста политичкиот и меѓународниот секретар на партијата Давор Иво Штир и Миро Ковач, некогашни министри за надворешни работи на Хрватска.
Хина пренесува дека на нивното место на функциите се именувани Ловро Кушчевиќ и Давор Божиновиќ.
Во Хрватската јавност општо познато е дека сменетите беа жестоки критичари на премиерот и претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ.